Наполи „полуде“ за играчот на Барса, Денис, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Тимот на Наполи „полуде“ кога виде за што е спосоебен играчот на Барса, Денис Суарез, но има уште една екипа која го сака во своите редови а тоа е Тотенхем.

Како што пишува Мундо Депортиво, Наполи е спремен да испрати понуда од 35 милиони за Денис, кој по заминувањето на Нејмар би требало да добие некоја мала минутажа.

Весникот уште пренесува дека и англискиот тим на Тотенхем е заинтересиран за 23 годишниот играч. Барселона би можела да го пушти Суарез кој има клаузла од 40 милиони евра.

Денис се врати на „Камп Ноу“ од Виљареал минатата сезона, но беше стартер на само 20 натпревари во сите конкуренции за тимот од Каталонија.