Наполи пронајде замена за најскапиот стопер во светот!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Калиду Кулибали е еден од најбараните фудбалери во Европа и Наполи ќе има тешка задача да го задржи, иако неговата цена е неверојатна, односно изнесува 120 милиони евра.

Сепак, Наполи мора да најде алтернатива за Кулибали, а наводно таа ја пронашле во Борнмут, односно го посакуваат фудбалерот Нејтан Аке.

Холанѓанецот неодамна наполни 24 години, па цела кариера ја помина на Островот. Почна во Челси, па беше на позајмици во Рединг и Вотфорд.

Аке е квалитетен дефанзивец, а „Газета дело Спорт“ пишува дека Холанѓанецот би можел да направи нов чекор во кариерата и да се пресели во Италија.

Дефанзивецот знае и да постигнува голови, па досега има дадено три погодоци, а добро е и тоа што може да игра како лев бек и дефанзивен фудбалер за врска, освен како стандарден стопер.