Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Стоперот на Бразил, Миранда по победата против Уругвај од 4:1 во квалификациите за СП беше воодушевен од играта на Нејмар.
Напаѓачот на Барселона досега постигна 51 гол на 76 натпревари за Бразил.
Паулињо со хет-трик го „украде шоуто“, но Миранда зборуваше само за Нејмар.
„Моментално Нејмар е во центар на внимание, поминува низ најдобрите моменти во кариерата. Наредната Златна топка ќе биде освоена од него.“
Нејмар во 2015-та година беше трет во гласањето за наградата која во последните 9 години ја освојуваа Меси или Роналдо.
Бразил во квалификациите има 30 бодови и е прв, а 7 помалку има Уругвај.