Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наскоро изведувањето на пеналите во фудбалот би можел да изгледа поразлично од денешното.
Ако после 90 минути и продолженијата нема победник, пеналите би можеле да се изведуваат по тениски тај-брејк систем. Тимот кој прв шутира ќе мора да почека две серии на противникот, а после тоа тие да шутираат два пати.
Тестовите за ваквото изведување на пеналите би требало да бидат направени оваа година.
Оваа информација беше соопштена денес на состанокот на меѓународниот фудбалско здружение кое беше одржано на Вембли. Стјуарт Реган, еден од членовите на здружението и извршниот директор на шкотската ФА го изјави следното:
„Статистиката во овој момент кажува дека тимот кој прв ќе изведува пенал победува во 60% од случаите. Ние веруваме дека оваа нова замисла може да ја поништи таквата статистика и да го доведе победникот на крајот“, изјави Реган.