Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Арсенал, Венгер во недела ќе ја донесе одлуката за својата иднина во тимот од Лондон.
Веќе 13 години чекаат на титула во ПЛ, а трпението кај навивачите полека исчезнува и сакаат Венгер да замине од тимот.
Тој најави дека ќе донесе одлука во април, а медиумите пренесуваат дека тоа ќе се случи во недела.
Тој ден е на распоредот на големото дерби помеѓу Арсенал и Манчестер Сити.
Сепак, натпреварот би можел да падне во заборав веднаш по завршувањето, посебно ако Венгер соопшти што ќе прави во иднина.
Моментално на табелата се на 6-то место со 50 бодови, 6 помалку од место кое носи во ЛШ, но и 2 натпревари помалку од Ливерпул.
Сепак, како што играат во последно време, односно дополнителните натпревари не се предност за нив и најверојатно тие ќе останат без ЛШ.