Наскоро следува награда за добрата форма на Балотели


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марио Балотели се врати во стара форма по заминувањето во Ница.

Балотели во дресот на Ница постигна 8 голови на 8 натпревари, а како награда за добрите игри би можел повторно да добие повик во тимот на Италија.

Тоа во изјава го кажа селекторот на Италија.

„Ќе разговарам со Балотели пред да го соопштам списокот на играчи. Не треба да се дискутира за неговите технички квалитети, но моите претходници иссто така кажаа дека треба да се проценат и други работи.“

„По нашиот разговор ќе мора да се одговорат многу прашања.“

Последен пат за репрезентацијата Балотели играше на СП во Бразил.