Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ред Бул Лајпциг во оваа сезона е сензација во германската Бундеслига, но има проблеми поради што очигледно нема да може да настапува во Лигата на шампионите.
Лајпциг е второпласирана екипа во Бундеслигата, но може поради бизарна причина да остане без пласман во Лигата на шампионите, нормално доколку во првенството остане на позиција која ги води до престижното натпреварување.
Имено, германскиот клуб должи 52 милиони евра на Ред Бул, компанијата која држи 99 % од клубот и во наредните три месеци мора да го прикаже тој износ како заработка бидејќи сегашното работење клубот го крши финанискиот фер –плеј.
За тоа да се реши, Лајпциг ќе мора да продаде некои најдобри играчи, а впрочем Лајпциг има уште еден проблем – УЕФА не дозволува за два клуба од страна на ист сопственик да одат во Лигата на шампионите.
Да потсетиме, сопственикот на Лајпциг е воедно на чело на Салзбург, кој истотака го носи името Ред Бул.
Навивачите на Лајпциг тешко ќе уживаат во мечевите во ЛШ во наредната сезона доколку нешто не се промени.