Натпреварот помеѓу Жирона и Барселона нема да се игра во САД


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во претходните неколку недели во Шпанија доста се зборуваше околу тоа дека еден натпревар од Ла лига оваа сезона ќе се одигра надвор од границите на оваа земја и тоа во САД.

Челниците на Ла Лига порачаа дека сакаат да ја зголемат популарноста на Ла Лига во светот, а најдобар начин да се постигне тоа е да се одигра некој натпревар надвор од Шпанија. Прв план беше оваа сезона во Мајами да се одигра еден меч, а тоа требаше да биде Жирона- Барселона.

Овој натпревар се игра на почетокот од наредната година, но сега е јасно дека сепак ќе се одигра во Жирона. Барселона вчера соопшти дека не може да го прифати предлогот тимот да игра во Мајами, но ја подржува идејата во иднина да се остварат ваквите работи.

„Барселона сака да соопшти дека е донесена одлука да се одбие понудата за играње на натпреварот против Жирона во Мајами. Идејата е многу добра и имаме желба мечот да се одигра во Мајами, но тоа ќе го прифатиме кога сите клубови ќе го делат истото мислење“, порачаа од клубот.