Натпревар кој го чека целиот свет: Чапекоенсе се враќа на теренот!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


И покрај големата трагедија која им се случи на крајот на ноември, Чапекоенсе наскоро ќе се врати на теренот.

Чапекоенсе имаше голема несреќа при крајот на ноември во која го изгуби скоро целиот тим.

Во несреќата преживеаа само 3 фудбалери на Чапекоенсе додека 9 играчи не отпатуваа на дуелот со Атлетико Насионал, а клубот започна процес на закрепнување.

Тие ќе го одиграат првиот натпревар на 29-ти јануари против Интернасионал.

Натпреварот ќе биде одигран во државното првенство, а останува да се види кои играчи ќе бидат на листата на новиот тренер Вагнер Мансини.

Приказната за ангажирање на големи ѕвезди најверојатно нема да стане реалност, но останатите бразилски клубови може да им позајмат играчи и така да им помогнат.