Најголеми потрошувачи оваа зима – ПСЖ даде 70 милиони за двајца играчи, Кристал Палас беше 4-ти најголем потрошувач!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еве ја листата на 10-те клубови кои потрошија најмногу пари…

На кинеските клубови им остана рок до 28 февруари да донесат засилувања. Како и да е, дојде време да се донесе заклучок за тоа кој најмногу потроши во јануари.

На топ 10 листата се наоѓаат 3 клубови од Кина, ПСЖ е на врвот, а најголемо изненадување беше Кристал Палас.

ПСЖ плати 70 милиони евра за Дракслер и Гуедес. Чудото од дете на Бенфика не доби многу време на теренот додека Дракслер покажа дека ќе биде врвно засилување.

Шангај СИПГ потроши 66.2 милиони оваа сезона за 2 фудбалери, а најголемата трансфер бомба беше кога му платија на Челси високи 60 милиони евра за Оскар.

Уште еден кинески клуб привлече големо внимание. Станува збор за Тијанџин кој плати 48 милиони за 3 фудбалери. Од тоа дури 38 на Витсел и Пато.

Кристал Палас оваа зима направи четири сериозни трансфери. Стигнаа дури 2 леви бекови, Џефри Шлуп и Патрик Ван Анхолт. За нив беа платени вкупно 26 милиони евра.

Тие го донесоа и Лука Миливојевиќ од Олимпијакос, како и Мамаду Сако на позајмица вредна 2.3 милиони евра.

Сем Алардајс се надева дека овие 4 засилувања ќе му бидат доволни за да се осигура спасот на крајот на оваа мачна сезона за нив.

Еден од најактивните клубови беше и Марсеј. Вистинска драма се создаде за врќањето на Паје од Вест Хем, но тој на крајот беше платен 29.3 милиони евра.

Тие го донесоа и Морган Сансон за 9 милиони евра, плус некои бонуси додека успеаа да го ангажираат и Патрис Евра од Јувентус. Во тимот стигна и Грегори Сертик од Бордо.

Шангај Шенхуа ги сруши сите рекорди, Карлос Тевез доби плата од 37 милиони евра годишно, а на Бока беше платен 10 милиони евра.

Волфсбург оваа зима донесе 5 засилувања за кои плати вкупно 33 милиони евра, а навивачите најмногу беа заинтересирани да ги видат Јунус Мали и рајхедли Базур, платени заедно 24.5 милиони евра.

Роналд Куман на Евертон му обезбеди два вредни потписи, а еден од нив е Морган Шнајдерлин. Поранешниот играч на Јунајтед беше платен 23 милиони евра и веќе го најде своето место во тимот додека Лукман беше платен 9 милиони евра и покажа голем потенцијал.

10-то место оваа сезона беше Јувентус, кој ангажираше три фудбалери. Од тоа, два се за иднината додека досега се смета само на ринкон. Поранешниот играч на Џенова стигна за 8 милиони евра.

Најмногу пари Јувентус плати за стоперот Калдара, поточно 15 милиони, но трансферот ќе оди и до 21 милион, со одредени бонуси. Уште еден играч за иднината е Орсолини кој беше платен 6 милиони евра.

Интересен податок за крајот е што Волфсбург заврши со плус, односно 16 милиони евра останаа во буџетот.

Најголеми потрошувачи оваа зима:

1. ПСЖ – 70м – 2 засилувања
2. Шангај СИПГ – 66.2м – 2 засилувања
3. Тијанџин – 48м – 3 засилувања
4. Кристал Палас – 41.3м – 4 засилувања
5. Олимпик Марсеј – 38.3м – 4 засилувања
6. Шангај Шенхуа – 36.5м – 6 засилувања
7. Волфсбург – 33м – 5 засилувања
8. Манчестер Сити – 32.1м – 1 засилување
9. Евертон – 32м – 2 засилувања
10. Јувентус – 28.9м – 3 засилувања

Најголеми трансфери на играчи:

1.Оскар – од Челси во Шангај СИПГ – 60м
2. Дракслер – од Волфсбург во ПСЖ – 40м
3. Жесус – од Палмеирас во Сити – 32.1м
4. Гуедес – од Бенфика во ПСЖ – 30м
5. Димитри Паје – од Вест Хем во Марсеј – 29.3м
6. Морган Шнајдерлин – од Јунајтед во Евертон – 23м
7. Аксел Витсел – од Зенит во Тијанџин – 20м
8. Пато – од Виљареал во Тијанџин – 18м
9. Калдара – од Аталанта во Јувентус – 15м
10. Шлуп – од Лестер во Кристал Палас – 14м