Најдено ново оружје: Манчестер откри како ќе го убеди Де Хеа да остане


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Давид Де Хеа ќе потпише нов договор со Манчестер јунајтед, а се е подготвено. Шпанецот се согласи и останува на „Олд трафорд“.

Откриени се и деталите од договорот. Според него, Де Хеа ќе стане втор најплатен играч на Манчестер јунајтед по Алексис Санчез, а ќе добива 350.000 фунти неделно и ќе потпише договор на пет години.

Сегашниот договор му завршува во јуни 2019 година, па Јунајтед мораше брзо да реагира и да спречи да замине феноменалниот чувар на мрежата.