Најдобриот АС на Баварците ќе биде отстранет од тимот за дуелите против Ливерпул во ЛШ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн поради стартот над Талјафик ќе остане без еден од главните адути во тимот за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Додека за одлуката за мечот во Париз помеѓу Црвена Звезда и ПСЖ се чекаше три и пол месеци, Дисциплинската комисија на УЕФА во случајот на средбата помеѓу Ајакс и Баерн, кој беше одигран на половината од минатиот месец беше далеку поекспедитивна. Но и построга, бидејќи дури двајца играчи од тој меч нема да смеат да играат за клубот на следните два меча во натпреварувањата кои ги организира европската фудбалска организација.

Секако поголем е губитокот на Баерн кој против Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе мора да игра без еден од најдобрите, Томас Милер. Германскиот ас малку ќе одмори поради ненамерниот, но лош старт над Николас Талјафик поради кој оправдано заработи директен црвен картон, Иста санкција поради директно исклучување заработи и фудбалерот на амстердамски Копијаник, Максимилијан Вебер кој нема да му биде на располагање на тренерот, Ерик тен Хаг за дуелите со Реал Мадрид.

Домашниот тим во касата на УЕГА ќе мора да плати 20.000 евра поради фрлање предмети од трибината на теренот, а гостите 8000 поради палење на пиротехнички средства.