Најдобриот играч на КАН замина во Кина!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Алборг и репрезентативец на Камерун, Кристијан Басогог премина во Хенан.

21-годишниот играч напаѓач неодамна беше прогласен за најдобар играч на КАН.

„Непобедливите лавови“ навистина беа непобедливи и го освоија турнирот со победата против Египет од 2:1.

Финансиските детали од трансферот сеуште не се откриени, но се верува дека клубот ќе добие околу 6 милиони евра.