Најдобриот пријател на Мурињо и негов долгогодишен помошник ќе биде нов тренер на Астон Вила


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спортс“ дознава дека Астон Вила во следните неколку дена ќе го назначи Руи Фариа за нов тренер, а Џон Тери ќе биде негов асистент.

Фариа и Тери се знаат многу добро од нивното заедничко време во Челси, а од клубот од Бирмингем се надеваат дека тоа ќе биде добитна комбинација.

Руи Фариа долго време беше асистент на Жозе Мурињо во Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а ова ќе биде негово прво искуство како прв тренер.

Фариа си замина од Манчестер Јунајтед ова лето во надеж дека ќе добие прилика да влезе во менаџерските води.