Најдобрите 11 составени од играчи кои се на позајмица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нивните матички клубови од најразлични причини не сметаа нив за оваа сезона, а заедно би биле исклучително незгоден тим.

Влијателниот „Скај Спортс“ се позанимава со голем број на играчи кои во ова лето завршија на позајмица, бидејќи нивнитe тренери од само за нив познати причини не сметаа на нив.

Најголеми сензации се дефинитивно позајмиците на Џо Харт и Џек Вилшер, а британскиот весник состави најдобри 11 од сите играчи кои во овој преоден рок завршија надвор од клубот на одредено време.

Многу клубови потрошија огромни суми на пари на ангажирање на нови фудбалери, а се чини дека тие кои ги ангажираа овие момци за ситница на одредено време, направија вистински погодок.

Па да почнеме…

Голман – Џо Харт (Манчестер Сити – Торино)

Пеп Гвардиола не сметаше на репрезентативецот на Англија поради неговото слабо работење со нога. Се очекуваше Харт да остане во Премиер лигата, а тогаш следеше шок. Одличниот чувар на мрежата се пресели во Италија и тоа во екипата на Торино.

Десен бек: Џо Фланаган (Ливерпул – Барнли)

Сите очекуваа дека младото момче роден во Ливерпул може да добие шанса кај Клоп кај Редсите.

Тој потпиша и нов договор но очигледно дека Германецот сметаше дека не е доволно спремен.

Го испрати на калење во Барнли, делува дека може да се врати подобар, нормално ако повредите го заобиколат.

Стопер – Бруно Мартинс Инди (Порто – Стоук Сити)

Холанѓанецот внимание на себе привлече на СП во Бразил.

Порто го ангажираше одма по завршувањето на Мундијалот, сега после две сезони се пресели на Островот во екипата на Стоук.

Стопер – Калум Чејмберс (Арсенал – Мидлзборо)

Арсен Венгер младиот Англичанец го научи да игра на позиција стопер, а во наредните година дена знаењето ќе му го надополни Аитор Каранка.

Не беше реално за Чејмберс да добие шанса во Арсенал, поготово по доаѓањето на Мустафи, и позајмица на Риверсајд е нешто најдобро што можеше да му с  случи.

Лев бек: Брендон Геловеј (Евертон – ВБА)

Бараше Пјулис лев бек поради повредата на Крис Брант, пробаа да го доведат Шлуп, но Лисиците не попуштаа во намерата да го задржат на Кинг Пауер.

Како што времето одминуваше, по малку во паника го ангажираа Геловеј од Евертон како краткорочна солуција. Младиот фудбалер досега добро се покажа каде и да добиваше шанса во дресот на Карамелите, ќе видиме како ќе игра под Пјулис.

Десен играч за врска – Самир Насри (Манчестер Сити –Севиља)

Французинот наводно лично од Гвардиола доби ветување дека ќе игра, а него тоа не му беше доволно.

Сакаше во Севиља, каде што смета дека повторно ќе ја разбуди страста за фудбал во себе. Под Сампаоли тоа може и да успее, а ако игра како што знае, Севиља ќе биде уште поубиствена.

Џек Вилшер – Играч за врска(Арсенал  – Борнмаут)

Можеби и најголемо изненадување во последниот ден од преодниот рок. Англичанинот  долго влече проблеми со повредите, пропушти поголем дел од минатата сезона, а Венгер го доведе и Гранит Џака и за Вилшер имаше се помалку место.

Позајмица делуваше како логично решение за двете страни, но никој не се надеваше дека во последниот ден од преодниот рок, Вилшер ќе ја задолжи опремата на тимот кој од клупата го предводи Еди Хоув.

Офанзивен играч за врска Аднан Јанузај (Манчестер Јунајтед – Сандерленд)

Дејвид Мојс инсистираше на доведување на Јанузај, Мурињо немаше ништо против, и Црните Мачки добија одлично засилување.

Јанузај веќе израсна во лидер на Сандерленд, ќе видиме дали ќе остане дисциплиниран и да продолжи со добрите партии.

Десен Напаѓач Алваро Негредо (Валенсија – Мидлзборо)

Одлично Каранка процени кога се реши да го ангажира искусниот Шпанец. Негредо во првите три кола му се оддолжи со гол и две асистенции.

Делува многу добро и може да биде клучот во опстанокот на тимот од „Риверсајд“ во оваа сезона.

Централен напаѓач  Вилфред Бони (Манчестер Сити – Стоук)

Бони е врвен напаѓач во тоа нема сомнеж, но изгледа дека не е по вкусот на Пеп.

Одличено е фудбалерот од БСК да биде проследен на позајмица, а како вистинско решение се наметка Стоук. Бони ќе биде редовен, се надеваме дека ќе ја поправи формата од времето додека ги бранеше боите на Свонси.

Лев напаѓач – Лоик Реми (Челси – Кристал Палас)

Уште еден одличен потег на Алан Пардју во летниот преоден рок.

Почувствува дека Пардју дека неговиот тим се мачи со постигнување на голови, и го ангажираше Кристијан Бентеке и споменатиот Реми. Нема сомнеж дека овој двоец може многу да им значи во нападот.