Најевтин во историјата, тимот на Милан вреди колку еден играч на Интер!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Податокот е речиси неверојатен, Милан во саботата вечер ја совлада Џенова, а италијанските медиуми се потрудија да ја пресметаат вредноста на тимот.

Вкупно играчите, што Монтела го изведе во мечот од што му зависат европските соништа, а можеби и место на клупата вредеа „Росонерите“ 22.5 милиони евра.

Донарума, Де Шиљо, Локатели (кој влезе после неколку минути бидејќи се повреди Бертолачи) потекнуваат од клубот, Ванџони дојде од Аргентина како слободен играч.

Искусниот Палета чинеше 2.5 милиони, а Запата беше поскап, 6 милиони, не знаат сега како да се ослободат од него.

Човекот кој го реши мечот, Мати Фернандез дојде на позајмица од Фиорентина за пола милион евра, Куцка чинеше 3 милиони евра.

Делуфеу и Окампос се на позајмица, вкупно вредеа 1.25 милиони, а во нападот беше и најскапо, Лападула, кој ретко добива шанса пред Бака, а Милан го плати 9 милиони евра.

Вкупно, ова е најевтин тим во новата историја на Милан, барем овие кои беа на теренот, вредеа 22.5 милиони евра.

Во споредба, комшијата Интер да се каже само дека Кандрева го плати нешто повеќе на Лацио…