Најлоши оценки за „бестрашниот“ : Каде исчезна неуморниот бомбардер?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Един Џеко синоќа одигра нешто послаб меч во однос на оние на кои сме навикнати да ги гледаме во изминатиот период од него.

Тој во победата на својата Рома на гости против ЦСКА промаши неколку добри шанси бидејќи шутираше послабо, а по мечот италијанските медиуми одлучија да му упатат критики.

Така од еден од најугледните медиуми доби мосло оценки за својот настап со опис дека Џеко од Серија А, а не Џеко од Лигата на шампионите се претворил во бавен и неефикасен напаѓач.

„Непрепознатлив: Неуморниот бомбардер пред две недели почна да биде непријатен и бавен напаѓач, кој не е опасен“, се наведува во извештајот на популатниот TMW, додека Кориере дело Сера наведува дека Џеко синоќа бил оној играч од Серија А, а не од ЛШ, алудирајќи на тоа дека таа верзија од италијанскиот шампионат е многу неефикасна и безопасна.

Натаму, Газета дело Спорт го пишува следното: Работеше доста за тоа, но се чини како пред противничките врати да го загуби патот кој води кон голот.

Така најпознатите италијански медиуми му делеа ниски оценки на Џеко за синоќешниот дуел.