Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалерот нa Динамо, Аријан Адеми кој доби суспензија поради допинг, му беше преполовена казната и тој кажа дека ќе се врати посилен на теренот.
„Ќе се вратам подобар и посилен. Психички ќе бидам многу посилен. Во добра физичка состојба се наоѓам, играм тенис и мал фудбал. Редовно трчам, но не е исто како во тимот. Се познавам себе, ќе ми треба малку време да се вратам. Доволни се 2 месеци.“
Казната му беше намалена од 4 на 2 години, а тоа значи дека ќе се врати во тимот во август.
Адеми беше позитивен на допинг контрола на натпреварот против Арсенал во 2015-та година.
Динамо и Адеми се жалеа, а УЕФА во мај 2016-та ја потврди 4-годишната суспензија.
Адеми денес откри дека бил шокиран кога дознал дека паднал на допинг.
„Ова беше најтешкиот период во мојот живот. Кога добив повик дека сум паднал на допинг, бев шокиран. Не знаев како ќе живеам без фудбал. Тоа е мој живот, живеам за фудбалот, но и тоа падна во втор план.“
Тој им се заблагодари на сите кои му дадоа поддршка.
„Најмногу му се заблагодарувам на Динамо кој ми даде се, ме спаси и знаеше дека сум невин. Клуб кој се бореше со мене, а можеше да го раскине договорот со мене во било кој момент.“