На аргентинската сапуница и нема крај:Нов расплет, претседателот посочи Бока не сака да игра…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


КОНМЕБОЛ денес има состанок, таму е и претседателот на Бока, како и претседателот на Ривер.

„Суперкасико“ и реванш мечот од финалето во Копа Либертадорес добиваат нова епизода од сапуницата.

По 2:2 во првиот дуел, требаше во сабота да се одигра вториот, реванш меч на „Монументал“, стадионот на Ривер, но тоа не се случи бидејќи навивачите на Ривер Плата го нападнаа клупскиот автобус на Бока по што дојде до одложување.

Неделата беше следен термин, Бока повторно барање одложување, а сега е ситуацијата поинаква.

Прашањето беше каде ќе се одигра вториот меч, се споменуваат Асунсион во Парагвај, како што информиравме, таму моментално е претседателот на Бока, Даниел Ангеличи. КОНМЕБОЛ би требало да одлучи денес да се игра таму.

„Овде сум да слушам. Ништо нема да се договорам“, истакна Ангеличи.

Бока се противи на секоја одлука која е поинаква од нивната победа во овој двомеч.