„На два чекори сме од Ферари!“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ники Лауда изјави дека мора да напредуваат до трката за ГН на Шпанија за да ги стигнат Ферари.

Во генералниот пласман на констуктори Мерцедес е прв со 136 поени додека Ферари има бод помалку. Кај возачите прв е Фетел со 86 бодови, а следуваат Хамилтон со 73 и Ботас со 63 поени додека Раиконен има 49 поени.

„Ферари е во предност. Мораме да анализираме што не работи како што треба и да се поправиме до Барселона. Сите тимови ќе напредуваат, Ферари ќе направи чекор, а ние мора да направиме 2 додека Ред Бул 3. Имаме премногу тежина во болидот, мораме да сфатиме зошто гумите не работат како што треба.“