На денешен ден е роден Сер Алекс Фергусон, најголемата тренерска легенда во историјата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На денешен ден е роден веројатно најголемиот фудбалски тренер во историјата на овој спорт.

Во Глазгов, на 31. декември 1941-ва година е роден Сер Алекс Фергусон, легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед кој на „Олд Трафорд“ помина дури 26 години.

Фудбалската, но и тренерската кариера ја започна во шкотските клубови каде што не постигна дури ни сенка од она што го направи во црвениот дел од Манчестер. За 26 години во тој клуб освои дури 13 титули во Премиер лигата, 2 во Лигата на Шампионите, 5 ФА Купови и уште двоцифрен број на други трофеи.

На индивидуално ниво тој освои повеќе од 20 големи награди, што е јасен знак за каков стратег станува збор. Неговиот последен натпревар на клупата на Манчестер Јунајтед беше на 8-ми мај 2013-та година против Астон Вила, а на „Олд Трафорд“ беше подготвено прекрасно збогување.

По завршуваето на тренерската кариера напиша две автобиографиски книги и стана тренерски амбасадор на УЕФА.

https://www.youtube.com/watch?v=zwSwt-NEyCs