На Ибра Јунајтед не му бил прв избор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ ова лето го напушти ПСЖ и премина во Манчестер Јунајтед.

Ибра во Јунајтед покажа уште на почеток дека ќе биде предобро засилување, но Мино Раиола инаку негов агент открива дека на Ибра ова не му е прв избор ова лето.

„Неговото срце е во Милан. Тој пак сакаше во Милан. Сепак Милан не можеше да го доведе па тој замина во Јунајтед. Милан е неговиот најдраг клуб, но мораше да замине во Англија“ – вели Мино Раиола.

Ибра остави голем траг во дресот на Милан, но не се врати таму.

Но, Ибра има договор со Јунајтед до крајот на оваа сезона, па можноста следната сезона да го облече дресот на гигантот од Милано не отпаѓа.