Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
После вчерашниот ждреб, Ливерпул ги доби скоро најтешките можни противници, па во септември и почетокот на октоври ќе има многу работа.
Редсите во ЛШ ги извлекоа ПСЖ, Наполи и Црвена Ѕвезда, а во Карабао купот Челси, а натпреварите против овие ривали се играат многу брзо, веќе во септември и октомври.
Најпрво во септември им следи гостување кај Лестер во Премиер лигата, па гостување кај Тотенхем, потоа на домашен терен против ПСЖ, па гостување кај Саутепмтон, а потоа два натпревари едноподруго против Челси.
Ако мислевте дека е тука крајот се лажете, бидејќи пеколот продолжува во почетокот на октомври. Ливерпул најпрво гостуваат кај Наполи во ЛШ, а неколку дена подоцна имаат меч против Манчестер Сити во Премиер лигата.
Клоп и неговиот тим мораат да бидат во врвна форма за да поминат добро на сите овие натпревари.