НБА лигата без милост – Ноа е суспендиран на 20 натпревари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на Њу Јорк, Јоаким Ноа е казнет со 20 натпревари неиграње поради кореистење на недозволени средства.

Според медиумите, со истрага беше потврдено дека Ноа ненамерно и несвесно го прекршил анти-допинг правилото.

Францускиот центар ќе ги пропушти последните 10 натпревари во оваа сезона и 10-те на стартот на наредната.

Оваа сезона одигра 46 натпревари, на кои во просек постигнуваше по 5 поени и 8.8 скокови.