„НБА лигата никогаш не била полоша“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната НБА ѕвезда, Чарлс Баркли смета дека денешната лига е најлоша.

Баркли со овие зборови воопшто не поштеди ниту еден тим во НБА.

„Денешната НБА лига е најлоша во историјата. Само 3 или 4 тимови се добри, а останатите се неверојатно лоши.“

Интересно е тоа што неговото мислење го делат голем број на љубители на кошарката, особено тие кои најсилната лига ја следеле и во 90-те години од минатиот век.

Токму тогаш лигата беше најсилна, а Баркли беше една ѕвезда во НБА.

Во текот на кариерата, тој има играно за Филаделфија, Феникс и Хјустон.

Иако никогаш нема освоено прстен, станува збор за еден од најпознатите кошаркари од 90-те години, а во кариерата има просек од 22 поени и 12 скокови по натпревар.