НБА лигата прави измени на распоредот, новата сезона ќе биде помалку напорна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дури ниту најголемите професионалци во НБА не можат да го издржат темпото кое го бара од нив лигата и се’ почесто тренерите ги одмараат своите ѕвезди во натпревари од регуларниот дел од сезоната. Но, тоа влијае негативно на парите кои ги заработува лигата затоа што гледаноста опаѓа кога играчите одмараат.
Затоа раководството на НБА лигата смисли промени кои ќе бидат имплементирани наредната сезона а кои ќе помогнат при одморање на играчите.

 

Со измените се добиваат и неколку дополнителни термини во кои ќе се играат натпревари, што значи дека лигата ќе профитира и од поголемиот број на преноси на националните телевизии.
Се работи за следните измени:

– се елиминираат сериите од играње четири меча во пет дена, се елиминираат сериите од играње 18 меча во 30 дена
– намалување на играњето на 5 меча во 7 дена на само 40 случаи низ целата лига(1.3 пати по тим) додека лани тоа беше случај 90 пати низ лигата (3 пати по тим)
– намалување на играњето една по друга вечер на 14.9 пати по тим (лани бројот изнесуваше 16.3 пати по тим).
– за 17 проценти е намалено одењето на тимовите на патување во кое ќе одиграат само еден гостински натпревар
– намалување на патувањата кои изнесуваат повеќе од 2000 милји за да се одигра само еден натпревар (предвидени се само 11 вакви во целата лига во новата сезона)
– зголемување на бројот на викенд натпревари од 549 на 568 (поради вклучување на повеќе термини во сабота)

 

Покрај сите овие измени, лигата го прошири распоредот и на една недела повеќе. Тоа значи дека во новата сезона ќе гледаме НБА една недела повеќе од минатата.