Неверојатен натпревар – Два еврогола и победа на Наполи (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Наполи го победија Емполи на гости убедливо во натпревар од 29-то коло во Серија А, 2:3.

После шест минути игра беше досуден пенал за неаполитанците. Мертенс ја намести топката на белата точка, но голманот на Емполи, Скорупски го одбрани неговиот удар и спречи рано водство на гостите.

Во 19-та минута Инсиње му донесе водство на Наполи. Пет минути подоцна Мертенс постигна фантастичен погодок од слободен удар за 0:2.


0-1 Lorenzo Insigne Goal – Empoli 0-1 Napoli… by meteoalex1


Dries Mertens Goal HD – Empoli 0-2 Napoli – 19… by Jek09Pre

Пасквал направи прекршок во казнениот простор, а Наполи го доби вториот пенал на натпреварот. Овој пат Инсиње ја намести топката на белата точка и го постигна својот втор погодок на натпреварот, трет за Наполи.


Lorenzo Insigne Goal HD – Empoli 0-3 Napoli… by Bundes-Liga

Дваесетина минути пред крајот на натпреварот Ел Кадури од слободен удар постигна погодок за 1:3.


Omar El Kaddouri GOAL HD – Empoli 1-3 Napoli 19… by alexpaul-percec

Макароне од пенал осум минути пред крајот на натпреварот ги постави конечните, 2:3.


Massimo Maccarone Goal HD – Empoli 2-3 Napoli… by lifefootball

Наполи после денешната победа се искачи на втората позиција и му се приближи на лидерот Јувентус на седум бода, но бјанконерите имаат натпревар за одигрување, а зад Наполи е Рома која има еден бод помалку и натпревар за одигрување.