Неверојатна одлука: Стигнува казна и за Фабрегас?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси вчера освои 3 нови бодови во дербито против Сити.

Челси како гости успеаа да направат целосен пресврт и со 3:1 да стигнат до нова победа.

Сепак, дамка на вчерашниот натпревар фрли караницата на играчите на двете екипи која се случи во самиот крај на натпреварот.

По жестокиот старт на Агуеро над Луис дојде до караница помеѓу Фернандињо и Фабрегас, а подебелиот крај го извлече играчот на Сити кој доби црвен картон.

Бразилецот е оправдано исклучен, бидејќи тој го фати Фабрегас за врат, но медиумите во Англија сметаат дека треба да биде казнет и Фабрегас.

На снимка која се појави на интернет, се гледа дека Фабрегас го удрил Фернандињо по што започна караницата.

Судијата тоа очигледно не го виде и Фабрегас помина без казна.

Сепак одлуката  е на ФС на Англија.