Неверојатна плата: Оскар ќе заработува колку Роналдо и Меси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како „гром од ведро небо“ се појави информацијата дека Оскар во зимскиот преоден рок ќе го засили Шангај.

Според медиумите Бразилецот ќе стане најплатен фудбалер во Кина, а зад него ќе биде Хулк.

Шангај ќе му плаќа неверојатни 400 000 фунти неделно на Оскар, односно 23 милиони евра на годишно ниво.

Тоа значи дека Оскар ќе стане трет најплатен фудбалер во светот по заработка, а пред него ќе бидат само Роналдо и Меси кои заработуваат околу 25 милиони евра.

Челси би требало да добијат околу 60 милиони евра од трансферот.