Неверојатна понуда – Дали Брозовиќ ќе стане најскапиот хрватски фудбалер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кој ќе биде првиот хрватски репрезентативец во Кина? Конкурсот е отворен, а последните месеци се поврзува името на Манџукиќ, а сега се најде и името на Марсело Брозовиќ.

Брозовиќ потпиша нов договор со Интер, игра стандардно, но италијанскиот гигант смета на добри пари за него. Во прв план беа англичаните, но кинескиот Тианџин чиј тренер е Фабио Канаваро наводно е спремен да издвои 50 милиони евра за Брозовиќ.

Толку изнесува и клаузулата на Брозовиќ и нероазурите се немоќни. Марсело ќе заработува сигурно повеќе од сегашните 2.5 милиони евра.

Самир и Јелавиќ играа во Кина, но двајцата не беа хрватски репрезентативци после заминувањето на Далечниот Исток.

Едно е сигурно, ако Брозовиќ ја прифати понудата ќе стане најскап хрватски репрезентативец во историјата.