Неверојатна трампа на повидок: Но КЛУЧОТ лежи во Јувентус?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми на големо пишуваат дека Гонзало Игуаин и Алваро Мората ќе ги заменат клубовите во јануари, но истакнуваат дека постои и трета страна. Имено, на Милан и Челси неопходно им е одобрение од Јувентус.

Игуаин повеќепати изрази желба повторно да работи со Маурисио Сари, додека Мората сака да се врати во Серија А, бидејќи не се прилагоди сосема на начинот на игра во Премиер лигата.

За да се случи било што од наведеното, неопходно е одобрување на Јувентус, чиј играч е и натаму Игуаин. Аргентинецот во Милан замина на позајмица за 18 милиони евра, со можност Росонерите да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Челси би можел да ги преземе „трошоците“ за следните шест месеци позајмица, и на сметката на клубот од Торино да уплати 9 милиони евра, со можност да го откупи Игуаин на крајот од сезоната.

Мората од друга страна, е проценет на 45 милиони евра.