Неверојатниот Батсуаи повторно донесе радост за Борусија Дортмунд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Борусија Дортмунд стигна до нова победа откако со минимален резултат го совлада Хановер (1:0).

Вистинско чудо е како само една топка заврши во мрежата на гостинскиот тим, а стрелецот на единствениот гол Мичи Батсуаи можеше уште минимум два пати да ја затресе мрежата на противникот.

Голот на одлука белгискиот репрезентативец го постигна во 24. минута кога на одличен начин со пета ја смести топката во мрежата на Хановер.

По ова коло Борусија Дортмунд е третопласирана со 48 бодови, додека Хановер е на 13. позиција на табелата со 32 поени.