Неверојатни бројки: Ракитиќ ја игра сезоната од соништата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот за врска на Барселона, Иван Ракитиќ се наоѓа во животна форма.

Иако се појавија шоекулации дека би можел да ги напушти редовите на Барса, тоа наскоро нема да се случи со оглед на тоа дека се работи за многу важен играч во тимот на шпанскиот првак.

Имено, Ракитиќ оваа сезона од 26 натпревари пропушти само два, а од него навистина зависи креацијата на играта на Барселона.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Ракитиќ е играч со најмногу додавања во лигата, дури 2676 односно 2436 успешни додавања.

Популарната Ракета во Барселона стигна во 2014 година од Севиља.