Неверојатно: Откриени детали од клаузулата на Нејмар, еве зошто е тој „мирен“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Странските медиуми ја открија интересната клаузула која ја има Бразилецот, Нејмар во договорот со ПСЖ.

И додека некои други екипи редовно ги казнуваат своите фудбалери за недисциплина или непочитување на тренерот во ПСЖ имаат многу интересен начин да ги „смират“ своите ѕвезди.

Ако мислевте дека Нејмар ги поздравува навивачите на ПСЖ само затоа што му се драги, сте се излажале. Имено, тој по клаузулата на договорот добива дури 375.000 евра годишно само затоа што ги поздравува навивачите пред и по мечот. Ако мислите дека тоа е неверојатен податок, слушнете го и следниот. Имено, Бразилецот добива неверојатни 2,5 милиони евра годишно само да не ги критикува одлуките на тренерот.

Исто така, тука е и клаузулата по која Нејмар може да заработи дополнителни два милиони евра доколку во изборот за Златна топка, биде меѓу тројцата најдобри играчи.

Така што, не им се насмевнува Нејмар на навивачите баш затоа што му се драги, има тука некои други причини…