Неверојатно! Роналдо во минатата година заработи повеќе пари од европски гигант!


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер од редовите на Реал Мадрид, заработи во 2016 година повеќе пари од седумкратниот освојувач на европскиот куп.

Веќе и птиците на гранките знаат дека фудбалерите се премногу платени. Да се потсетием колку Манчестер Јунајтед го плати Пол Погба, а ТУКА прочитајте кој моментално е најплатен фудбалер на светот и колку заработува.

Клубовите даваат навистина огромни суми на пари на своите играчи, Роналдо според договорот (заедно со бонуси) заработува околу 50 милиони евра на годишно ниво без данок.

Сепак, таа заработка не е ни дел од тоа колку ѕвездата на Реал добива од разни брендови каде што е заштитно лице.

Само од произведувачот на спортска опрема „Најки“, Роналдо добива 12 милиони евра годишно, а според информациите кои ги има новинар на Скај Спортс Кавел Солхекол, во 2016 година Роналдо заработи неверојатни 225 милиони евра (190 милиони фунти)!

Тоа е за 25 милиони евра повеќе пари кои во претходната година ги заработи гигантот на европскиот и италијанскиот фудбал Милан!