Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Бразилецот стигна во Манчестер, ќе го гледа натпреварот против Челси.
Во овој викенд на програмата е 14 коло од Премиерлигата, а дербито секако се игра меѓу Манчестер Сити и Челси.
Еден од гостите на овој меч ќе биде и Габриел Жесус, фудбалер кој уште во август потпиша договор со Манчестер Сити, но нивни фудбалер ќе стане дури од јануари 2017 година.
Младиот 19-годишен бразилски напаѓач стигнува од Палмеирас, еден од причините за неговото доаѓање од одложување на натпреварите во Бразил поради авионската несреќа.
Ова е само почеток, добро е да оствариме мал контакт, да видо каде ќе живее и работи, тоа е се“, рече Пеп Гвардиола кога го прашаа за причините зошто доаѓа Габриел Жесус.
Жесус потпиша договор до 2021 година со Манчестер Сити, а Граѓаните платија 27 милиони фунти за него.