Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легедната на Јувентус Павел Недвед е еден од најдобрите чешки фудбалери на сите времиња.
Овој одличен фудбалер со години со доста успех го носеше дресот на Старата дама, а во 2009 година отиде во пензија.
Интересна понуда имаше пред конечно да ја заврши кариерата.
Го бараше Жозе Мурињо, кој го водеше Интер.
Сепак, Посебниот доби негативен одговор.
„Би отишол со Мурињо било каде, но во Интер никогаш. Знаев дека ја напаѓа ЛШ и тоа ќе беше предизвик. Сепак, го одбив“, рече Недвед.
Чехот осум години играше за Јувентус, а во Италија уште играше за Лацио.