Недвед се враќа на фудбалските терени!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не, ова не е шега, туку вистина. Павел Недвед на 45 години повторно ќе заигра фудбал.

Станува збор за екипата на Скална каде што порано играше Павел, а таа е екипа од пониските лиги во Чешка Република, па Недвед потпиша договор но не се знае кога точно ќе дебитира бидејќи е зафатен со под-претседателска функција во екипата на Јувентус.

„Успеавме! После долги преговори со Јувентус, конечно потпишавме и Недвед е наш“ – пишуваат на официјалните интернет страници на малиот клуб од Чешка.

Инаку во истиот тој клуб, игра и 18 годишниот син на Павел Недвед.