Нека започне лицитацијата – Челси подготвува пари за играч на Лацио!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус одамна покажа интерес, Лацио не сака да го продаде, но дали ќе им одолее на милионите.

Пред еден месец се појави информација дека Сергеј Милинковиќ Савиќ и Лацио се на прагот да потпишат нов договор, но тоа не ги спречува гигантите да сакаат да го донесат во нивни редови.

Јувентус покажа голем интерес, Лацио нема намера да се откаже од него, но прашањето е дали Лотито ќе одолее на сите милиони кои ќе се понудат за Сергеј.

Според медиумите, Челси е исто така во трка за овој играч.

Српскиот играч ја воодушеви публиката во Италија со своите игри, па не е чудно што го сакаат многу гиганти. Оваа сезона тој има 6 голови и 5 асистенции.

Во игра е наводно сума од минимум 20 милиони евра. Но многу е можно цената да порасне кога тој ќе потпише нов договор. Сегашниот му завршува во 2020 година, а Лацио му ветија зголемување на платата од 1 милиони на 4 милиони евра.

Притоа, не треба да се заборави дека Генк ќе добие процент од продажбата.

Секако, Јувентус и Челси можат да понудат многу повеќе.