Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роби Рајан сеуште има ноќни мори после натпреварите од ФА купот кој го прогонуваат.
Тоа беше најголемиот натпревар во историјата на Милвол. Финалето 2004. година во кое Денис Вајс бараше од Рајан да го чува тогаш талентираниот Кристијано Роналдо.
„Можев да го завршам уште во првите три или четвртата минута. Топката беше малку над земјата, а јас можев да ги исфрлам надвор од теренот и него и топката. Зборуваме за натпревар одигран пред 15 години, тогаш го можев тоа“, започна Рајан, а потоа продолжи:
„Луѓете сеуште ме прашуваат дали навистина го чував Роналдо. Мојот одговор сеште е, па пробав“.
Роналдо тогаш постигна еден од двата гола во победата против Милвол. Сепак, после 15 години од тој натпревар Рајан работи ноќна смена во една компанија и сеуште има ноќна мора потсетувајќи се на тој натпревар.
„Тогаш пред врата ми доаѓаа и порно канали. Сакаа да ми платат 10.000 фунти за да стават нешто на мојот дрес. Нешто врзано за моето име, но клубот тоа не го дозволи“, кажува Рајан.
После тоа завршил во Бристол, а начинот на трансферот бил навистина чуден.
„Вистина е. Син на еден скаут играч Чампионшип менаџер и видел дека мојот договор истекува на крајот од сезоната. Тогаш тој го побарал тренерот и така преминав во Бристол. Да не ме забележал малиот, којзнае дали ќе ја продолжев кариерата“, заврши Рајан.