Некои работи не можат да се прогледаат низ прсти: Фантастичниот фудбалер си „потпиша“ заминување од Јувентус…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Даглас Коста пред неколку дена имаше сообраќајна незгода, за среќа добро помина, без гребаници, иако дополнително се појавија информации дека има проблеми со повреда, која би можела да биде предизвикана од несреќата.

Тој десеттина дена ќе мине надвор од теренот поради се, но тоа не му пречеше да се појави на роденденската забава на ѕвездата на ПСЖ, неговиот сонародник, Нејмар.

Бразилецот го прослави својот 27. роденден во голем стил, забавата која ја организираше броеше околу 500 гости, а меѓу нив очигледно беше и Даглас Коста, кој не можеше да го одбие повикот на колегата од репрезентацијата.

Во Јувентус го осудуваат таквото однесување и како што се наведува го предупредиле Даглас Коста да обрати внимание на своето однесување во иднина.

Поради слични работи умееа да продадат играчи во Торини, Коста по секоја цена сакаа да го задржат до овој инцидент, ја одбија понудата на Манчестер Сити тешка 60 милиони фунти за услугите на некогашниот играч на Шахтјор и Баерн, но се би можело да се промени следното лето.

Бразилецот поради пристигнувањето на Кристијано Роналдо игра се помалку, а со своите нови испади се чини е блиску до излезна врата од тимот.

Не заработи казна поради одењето на роденден, туку само предупредување, но италијанските медиуми тоа го сфаќаат како желба на управата на клубот да не прави проблем среде сезона, за екипата да може мирно да работи на освојување на Лигата на шампионите.

Така, поприлично е јасно дека ваквите грешки за наплата ќе дојдат по завршувањето на сезоната, па се чини дека Коста изгледа ја игра последната сезона во дресот на „Старата дама“.