„Немаме испратено понуда до Алегри“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Шпанските медиуми вчера објавија дека Барселона испрати официјална понуда до Алегри на крајот на сезоната да дојде во Барселона.

Медиумите објавија дека Барселона е одлучна Алегри да биде нов тренер на овој клуб затоа што на крајот на сезоната ова место го напушти Енрике.

Оваа вест ја пренесоа многу медиуми ширум Европа, но денес стигна демант од Барселона.

„Немаме испратено никаква понуда за Алегри. Медиумите шпекулираат секој ден за нов тренер и не треба сериозно да ги сфаќаме. На крајот на сезоната ќе направиме разговори со потенцијалните кандидати и дури пред подготовките ќе знаеме кој ќе биде нов тренер.“