Нема да има тужба – Верати го прифати извинувањето од новинарот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марко Верати одлучи да не го тужи новинарот на Л`Екип кој пренесе погрешни информации за него.

Неколку денови пред реванш натпреварот на ПСЖ и Барселона во рамки на 1/8-финале на ЛШ беше објавено дека Верати во друштво на Матуиди се забавувал до раните утрински часови.

Француските медиуми објавија дека тој бил виден во еден клуб во Париз во раните утрински часови.

Верати го демантираше ова и најави тужба. Сепак, пред неколку денови новинарот испрати јавно извинување до играчот, па го замоли да не поднесе тужба.

Верати го прифати извинувањето и порача дека овој пат нема да има тужба.