„Нема ништо лошо во рушење на рекорд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси вечерва ќе играат против Тотенхем во 20-то коло од ПЛ.

Ќе биде тоа голема шанса за Челси да стигнат до 14-та победа по ред во сезоната и со тоа би станале рекордери.

Стоперот на овој тим, Гери Кејхил вели дека за рекордот не се зборува често, но дека нема ништо лошо во рушење на истиот.

„Тоа не е нешто за што зборуваме, но нема ништо лошо во тоа. Треба да го срушиме тој рекорд. Сакам да рушиме рекорди. Не се плашам да го кажам тоа, но тоа не е нешто за што зборуваме цела недела.“

Да потсетиме, Тотенхем и Челси играат од 21:00.