Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Бенфика кој во претходните 6 месеци беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, конечно ги реши сите дилеми.
Шведскиот фудбалер кој својата кариера ја гради во Португалија, во Бенфика, Виктор Линделоф потпиша нов договор со тој тим.
На овој стопер му се предвидува одлична кариера, игра феноменално оваа сезона, а привлече интерес од големите европски тимови, но сепак тој сака да остане во тимот со кој потпиша договор.
Еден од клубовите кои беа заинтересирани за него е Јунајтед, дури се пишуваше и дека се е готово и дека тој ќе се пресели во јануари во Манчестер.
Сепак, тој вчера потпиша нов договор со Бенфика, па останува во тимот се до 2021 година.
Наводно, скаутите на Јунајтед и понатаму го следат, а медиумите пишуваат дека тие не пропуштиле ниту еден натпревар на Бенфика оваа сезона.