Нема понатаму. Кристијано објави фотографија која вреди милиони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо заедно со Јуве синоќа гостуваа на Олд Трафорд каде со својот клуб го совладаа Манчестер Јунајтед со резултат 1:0.

Роналдо беше срдечно дочекан од навивачите на Манчестер Јунајтед кои никогаш нема да заборават што се направи тој за нивниот клуб, а при посетата на Театарот на соништатата Португалецот имаше шанса да се види со Сер Алекс Фергусон.

Во денови кога Манчестер Јунајтед делува прилично бедно и недораснато за европскиот врв, фотографијата од Роналдо и Фергусон ги разнежни навивачите на овој клуб кои се сеќаваат на многу поубави времиња.

,,Голем тренер, пред се прекрасен човек. Ме научи толку многу како за на теренот, така и за надвор од него. Убаво е што те видов во добра форма , Шефе”- напиша Кристијано Роналдо во описот на фотографијата која за кратко време достигна огромна популарност.