Нема шега со Икарди: Аргентинецот му поставил нови услови на Интер

Мауро Икарди поставил еден куп нови услови до Интер за да ја продолжи соработката со нив. Италијанските медиуми пишуваат дека меѓу нив се подразбира и поправање на неговата слика во јавноста.

Аргентинецот не настапува за „нераѕурите“ откако му беше одземана капитенската лента на 13 февруари, а официјално 26-годишниот напаѓач има проблеми со коленото.

Во последните неколку денови беа одржани неколку состаноци меѓу Икарди и претставници на екипата, а наводно Аргентинецот постсавил неколку услови кои ќе мора да му ги исполнат.

Италијанските медиуми пишуваат дека од клубот побарале Икарди да им се извини на соиграчите, а наводно тој смета дека не е потребно такво нешто и нема намера да го направи тоа, па притоа сака да му се поправи сликата во јавноста.

Да потсетиме, Икарди се поврзуваше со трансфер во Јувентус, но за него постои интерес и од многу други европски гиганти, меѓу кои фаворит е Реал Мадрид, кој бара класична „деветка“.