Неочекуван потпис на „Итихад“!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Иако беше најавувано дека ова лето ќе го напушти тимот како слободен играч, сепак тој наводно ставил потпис на нов договор.

Според медиумите, управата на Сити успеала да потпише договор со Тосин Адарабајо.

Младиот англиски фудбалер требаше да го напушти клубот, затоа што не успеа да се договори со управата за продолжување на соработката.

Се очекуваше по завршувањето на договорот да бара нов ангажман, а наводно Селтик и Евертон сакаа да го видат во свои редови.

Тој досега одигра 4 натпревари за тимот на Сити, но сеуште нема дебитирано во ПЛ.

Настапуваше за сите селекции на Англија до 19 години.

Се очекува да заработува по 25 илјади фунти неделно додека подоцна би можел да заработува и по 45 илјади фунти.