Непријатни вести за „нераѕурите“: Икарди нема да го продолжи договорот со Интер!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата Мауро Икарди веќе долго време се поврзува со трансфер во некој европски клуб, а најголеми фаворити за него се Реал Мадрид и Челси. Поради тоа, Интер реши да му понуди нов договор, но очигледно Аргентинецот нема да остане на „Џузепе Меаца“.

Драмата продолжува понатаму, а сопругата и агент на Икарди, Ванда Нара не сака да ја прифати понудата на „нераѕурите“, односно бара плата од девет милиони евра годишно.

Тоа е проблем за Италијанците, па очигледно Икарди ќе си замине од Милано, а Реал Мадрид е благ фаворит пред големиот конкурент Челси, кој е подготвен да ја плати откупната клаузула од 100 милиони фунти.

aur