Нероаѕурите ги расипуваат плановите на Мурињо: Почнува трка за одличен фудбалер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо во зимскиот преоден рок сака дополнително да ја засили одбраната, а дефанзивецот на Рома Костас Манолас е прв на листата на желби.

Англичаните за 25 годишниот грчки репрезентативец спремија понуда од дури 60 милиони евра и веруваат дека оваа сума ќе биде доволна за клубот од Рим да го одобри трансферот.

Медиумите од Островот порано пишуваа дека Црвените ѓаволи за Манолас може да платат 43 милиони евра.

Гркот во Рома дојде во 2014 година од Олимпијакос и во оваа сезона во првенството на Италија постигна еден гол во 16 натпревари.

Сега од Италија ни стигнува вест дека Интер се приклучи на Манчестер Јунајтед во трката за дефанзивецот на Рома.

Во минатата недела се споменуваше сума од 32 и пол милиони фунти е понудено од страна на Црвените ѓаволи за Гркот, а сега за неговите услуги се борат и Нероаѕирите.

Очигледно, ќе гледаме интересна борба…